Плажата „Градиште“ полна со туристи

Охрид е полн со домашни туристи со оглед на продолжениот викенд.

На плажата Градиште денеска можеше да се забележи голема гужва и беше невозможно да се задржи дистанцата.

Во текот на денот имаше и жестоки реакции за неодржувањето на хигиена на јавните простори во Охрид. Во езерото плива ѓубре што го фрлаат посетителите, а по тротоарите и улиците врие од смет, пластични шишиња, кутии од цигари и кеси преполни со ѓубре.

Утрово колони од возила се упатија кон Охрид, а на моменти сообраќајот беше комплетно закочен.

Министерството за внатрешни работи најави дека за време на продолжениот викенд ќе врши засилени контроли со цел зачувување на стабилната безбедносна и здравствена состојба.

Од Министерството за здравство апелираа да се почитуваат протоколите за плажите и базените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.