Лукаревска: Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома

Ние им нудиме европска перспектива на граѓаните, на младите. Им помагаме на бизнисите и создаваме амбиент за реализација на младите луѓе овде во државата. Ја развиваме економијата и парите ги враќаме кај граѓаните рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска на трибината во Ѓорче Петров.

„ Го намалуваме ДДВ во угостителството на 10%, на занаетчиите од 18% на 5% , 0 персонален данок за ИТ индустријата до 2023 година. Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Старт-ап село“, можност младите да ги реализираат своите бизнис идеи, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, ја продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, ќе донесеме закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување, ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството“, рече Лукаревска.

„ Ќе се избориме со сите остатоци од режимот. Социјал демократскиот сојуз гради мостови со соседите, сега тие се наши пријатели. Отпочнуваме преговори со Европската Унија, тоа ќе значи и реална финансиска поддршка со европски пари. Во земјава градиме едно општество за сите, зашто разликите се заедништво. Градиме праведно општество каде непристарсниот инспектор е професионален инспектор, каде непристрасниот судија е добар судија. На 15 јули ја бараме вашата поддршка зашто можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Лукаревска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.