Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

 

Еден од пациентите е од Кочани, на 40 годишна возраст, без познати минати заболувања. Другите двајца пациенти се од Тетово, од кои едниот, на 69 годишна возраст имал тумор на мозокот, а вториот пациент, на 65 години немал познати хронични заболувања.

Во текот на вчерашниот ден биле направени 250 тестови, од кои 15 биле позитивни, со што бројката на заразени од Ковид-19 во земјава изнесува 570 лица.

Седумдесет лица се сместени на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 10 се во потешка состојба, а 8 се приклучени на респиратори.

Во Градската болница „8 Септември“ вчера се примени четворица пациенти за кои се чекаат резултатите, а двајца се на респираторна машина. Во Битола е хоспитализирано едно лице, но во тек е трансфер на заболените од болницата во Охрид. Во Штип има четворица хоспитализирани, од кои тројца се со лесна клиничка слика.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.