ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите од Охрид бараат дополнителни мерки за помош

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Граѓанин од Велес апелира власта да постави пунктови со дезинфициенси и антисептици на сите поголеми раскрсници во градовите низ државата, како и на други места кај што вообичаено поминуваат повеќе луѓе.

Бесплатни заштитни маски и ракавици за сите граѓани над 55 години бара граѓанин од Битола.

Угостител од Охрид бара дополнителни мерки за угостителите, кои како што пишува не се опфатени со мерката на Владата, а тоа се неколку илјади работници кои работат во хотелите, рестораните, кафеаните и кафичите, објекти кои не работат веќе половина месец.

„Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.