Властите размислуваат дополнително да ја ограничат комуникацијата меѓу граѓаните во Скопје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Март 2020
Владата ја разгледува можноста како да се намалат комуникациите меѓу граѓаните во Скопје за време на викендот со цел да се намалат интеракцијата и блиските контакти.
Минситерот Венко Филипче не кажува дали се разгледува можноста за затворање на општините или целосниот влез и излез од Скопје, но вели дека сигурно ќе има нови мерки од понеделник со цел превенција од ширење на коронавирусот.
„Се разгледува можноста за градот Скопје. Во овој момент се дискутира по предлог од Комисијата за заразни болести за дополнително ограничување на комуникациите за време на викендот. Дискусиите одат во насока на тоа да се намали комуникацијата за време на викендот, да се намалат социјалните контакти и да се застане на патот на ширење на вирусот“, посочи Филипче.
Во однос на Куманово останува само мерката да се прекине меѓуградскиот и градскиот превоз, но нема целосен карантин, како што е во Дебар и Центар Жупа.
„Во однос на Куманово, Владата одлучи да се прекине градскиот и меѓуградскиот превоз имајќи предвид дека еден од заболените живее во населба надвор од Куманово. Во иста смисла се разгледува и за градот Скопје. Добро е што повеќето од заболените биле во самоизолација“, рече Филипче.
Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.
Останете дома - спасете го човечкиот живот!
МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс