Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство, а веста ја потврди и министерот Венко Филипче на Фејсбук.

„Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста“, наведуваат од Министерството за здравство.

Патничката пристигнала со попладневен лет од Милано во Скопје, по што до полноќ беа вршени тестирања на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.