Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со 74 гласа за, а за него беа потребни 60 гласа.

 

Законот за одбрана беше донесен со 80 гласа за и ниту еден против.

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата, претходно на прес конференција, координаторот Мицевски најави дека ќе влезат во салата само за распуштање на Собранието.

 

Претходно беше изгласан и законот за јавно обвинителство.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.