Изгласан законот за јавно обвинителство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Февруари 2020
Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници.
Гласањето беше повторено, откако првично за законот гласаа 74 пратеници. Образложението на претседателот Талат Џафери беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.
Откако констатираше Џафери дека законот е донесен, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скокнаа од своите места и извикуваа: не важи, не е донесен“, а координаторот на пратеничката група извика,"криминалци", срамота е ова што го правите.
Претседателот даде пауза од еден час, по што следува гласањето за законот за совет за јавни обвинители.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс