Недела на грижа на старите лица

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст од 18 до 24 ноември со соодветни активности ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

 

 

Во текот на неделата преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје, ќе се организираат следните активности: јавни настани со претставници на владини институции, граѓанскиот сектор за поттикнување на активности за активно и здраво стареење и развој на вонинституционални форми за заштита на старите лица; посети на стари и изнемоштени лица во нивни домови, особено во рурални средини, со вклученост на млади волонтери на Црвениот крст и ангажирање на здравствени работници; едукативни работилници на теми од интерес за старите лица; креативни работилници; рекреативни активности, како и тематски работилници за поттикнување на социјална инклузија на старите лица.

 

Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица.

 

Покрај помошта што ја обезбедуваат надлежните институции, грижата и помошта на старите лица е една од основните програмски активности на Црвениот крст на РСМ. Особено се дава значаен акцент за развој на сервиси за испорака на социјални и здравствени услуги за помош и грижа на старите лица во домашни услови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.