Околу 900 објеки не се легализирани во општина Карбинци

Околу 900 дивоградби во општина Карбинци се уште чекаат да  бидат легализирани. Градоначалникот на општината Јордан Насев вели дека постапката е забавена поради недоволната екипираност на локалната самоуправа, во која работи само една комисија со еден архитект.

 

– Бараме начин и помош од  други општини за да ангажираме надворешно лица и да ја забрзаме постапката за легализација, вели Насев.

 

 Тој додава дека бесправно изградени објекти има во речиси сите населени места и оти во моментот  по пријава во селата Горни и Долни Балван е стопирана изградба на два објекти.

 

– Бидејки немаме градежен инспектор не можеме да издадеме решение за нивно рушење. Со новата систематизација на работните места во општина Карбинци предвидено е вработување на еден градежен инженер  кој би работел на местото градежен инспектор, вели Насев.

 

Советниците во Советот на општината пред извесно време донеса и одлука бранителите да се ослободат од плаќање на комуналии за изградба на објекти, но  досега  не е поднесено  ниту едно барање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.