Тешка сообраќајка, исчезнато лице, каснување од куче! Што друго бележи Билтенот на МВР?

На 18.05.2019 година околу 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „НовоСело", помеѓу с.Дабиле и с.Босилово, патничко возило „Фиат Браво" со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(61) од с.Босилово, излетало од патот и удрило во дрво. Од здобиените повреди, возачот И.Г. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

 

На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара" со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 18.05.2019 година во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека лицето В.С.(37) од Скопје било пронајдено, односно само се вратило дома. Лицето беше пријавено за исчезнато на 09.05.2019 година од неговиот татко Д.С.(63) од Скопје.

 

На 18.05.2019 година околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Зубово, струмичко, додека Б.К.(66) од с.Зубово работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

 

На 19.05.2019 година околу 01.30 часот во Полициската станица Карпош, Х.З.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Аговски" бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.