Камион се преврте на патот Неготино Велес, по удар во патарината кај Градско

Камион се превртел синоќа на патот Неготино – Велес откако удрил во патарината кај Градско која веќе не е во функција. Во несреќата е повреден возачот кому му била укажана лекарска помош во болницата во Велес. 

 

– На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско" која веќе не е во функција,  синоќа во 22:15 часот влекач сканија со велешки регистарски ознаки и полуприколка гоша, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

 

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.