Прва етапа од прскањето против комарци во Кочанско

 Од 20 до 22 мај на територијата на општина Кочани ќе се спроведе превентивно ларвицидно прскање од земја за заштита од комарци.

 

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени 306 хектари во градското подрачје на Кочани, како и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи ларвицидното средство „Метопрен" и препратот „Аква к-отрин", со активната супстанција делтаметрин, кој е широкопојасен инсектицид за третирање против комарци, а е одобрен од Бирото за лекови.

 

Од локалната самоуправа на Кочани ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели дека е потребно да преземат неопходни заштитни мерки за време и по третирањето против комарците.

Прскањето од земја ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани, а во рамки на првата етапа ќе следи и авионско прскање со кое ќе биде опфатена површина од 3.400 хектари.

 

Годинава дезинсекцијата на подрачјето на општина Кочани ќе се спроведе во две етапи со третман од земја и од воздух, за што ќе се потрошат над 1,5 милион денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.