Зголемен ангажман од институциите за заштита на културното наследство во градовите, побара градоначалникот на Велес

 Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски кој денеска на седница на Собранието на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство во Скопје е избран за претседател на оваа асоцијација, побарал дополнителен и зголемен ангажман на институциите во државата околу заштитата на културното и архитектонско наследство за да биде зачувано од целосно пропаѓање и уништување од забот на времето и негрижата.

 

Како што информираат од Општина Велес, на собранието присуствувале градоначалниците на Струга, Гевгелија, Берово и Кочани , претставници на одделенијата за урбанизам од 12 општини како и стручни лица од областа на заштитата на културното наследство од надлежните државни и локални институции.
На собранието биле избрани членовите на органите на управување на асоцијацијата, како и членови на стручниот тим кој во иднина ќе се проширува со еминентни експерти за заштита на културното наследство.
 
 
На собранието било иницирано воспоставување соработка со ЗЕЛС и продолжување на соработката со Француската национална асоцијација “Впечатливи градови и локалитети на Франција”.

 

Воедно во  наредниот период тимовите на асоцијацијата ќе работат на измена на Статутот и утврдување на приоритети со цел да се овозможи максимална функционалност и да им се помогне на македонските општини да ги зајакнат капацитетите за грижа за архитектонското и воопшто на  културното наследство,информираат од Општина Велес





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.