Енергетско ефикасно улично осветлување во Валандово

Општина Валандово е една од пилот-општините во земјава што преку проект финансиран од ЕУ ќе обезбеди енергетско ефикасно улично осветлување.

 

Од Општината информираа дека проектот ќе се реализира преку јавно приватно партнерство со фирми што со својата дејност одговараат на проектот и сакаат да се вклучат во него (ЕСКО компании), како и со поддршка од Европската банка за обнова и развој која ќе ги подготвува потребните документи и договори.

 

Изведбата, финансирањето и гаранциите за имплементирање на проектот ќе ги сноси фирмата со која општина Валандово ќе склучи договор. Месечните ануитети општината ќе ги плаќа исклучиво од заштедата на енергијата се до потполната реализација на договорот.

 

По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат во сопственост на Општината, потврдија од локалната самоуправа на Валандово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.