Општина Василево ги санира полските патишта

За еден месец треба да се санираат 2.500 метри полски патишта во населените места Пиперево, Василево и Градашорци и еден во населеното место Радичево во општина Василево.

 

– Во Радичево се санира патот што од селото води кон црквата и гробиштата, во Василево патот позади црквата кон полето и патот што води во делот од полето кон Градашорци, а истото село ќе бидат санирани патот позади училишната зграда и патот што води кон лозјата на АД „Струмичко поле", информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

 

Работите почнаа деновиве, а уредувањето опфаќа рамнење, насипување и тампонирање со што целосно ќе се санираат состојбите предизвикани од временските услови во текот на зимските месец .

 

Патиштата, кои водат кон полето, ќе се донесат во нормална состојба со што ќе се создадат услови земјоделците непречено да можат да пристапат до своите ниви без страв од уништување на механизацијата.

 

Според спецификацијата за извршување на работите на седумте полски патишта ќе биде нанесени и тампонирани околу 1550 метри кубни песок и чакал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.