Доделување на наградите Жан Моне

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за етика во медиумите вечерва ќе ги додели наградите  „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска сторија.

 

Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија ќе се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.

 

Наградите ќе ги доделат евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче.

 

Со жирито годинава претседава Надежда Гаче, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, која има долгогодишно искуство како уредник на некои од најголемите српски медиуми како ТВ Белград, Борба, Данас. Таа исто така била и претседател на Здружението на новинари на Србија.

 

Наградата, која годинава се доделува по 16-ти пат се состои од мали статуети за сите победници и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.