Бесплатно мерење шеќер во крвта за кумановските дијабетичари

Каква е поврзаноста на крвните садови со дијабетесот, колку оваа состојба може да се контролира со хигиено-диететески режим и дали може овие пацинти нормално да функционираат, беа темите на кои лекарите ги едуцираа дијабетичарите на денешното предавање организирано од Здружението на дијабетичари во кумановската болница.
  
 Во Куманово има над 7.000 дијабетичари од кои 2.400 користат инсулинска терапија.
 
 -Може да се живее солидно, нормално да се функционира доколку редовно се зема пропишаната терапија и доколку се води сметка за физичката активност, изјави Воислав Јовановиќ, дијабетичар и член на кумановското здружение.
 
 
Доктор Исмаил Бајрами, одговорен на Центарот за дијабетес вели дека најмладиот дијабетичар во Куманово нема ниту четири години.
 
 
-Ова е болест на модерното време, пандемија која се шири низ светот. Многу е важно да се зема терапијата, да се следат насоките на лекарите, вели доктор Бајрами.
 
 
Условите за кумановските дијабетичари во последниве четири години значително се подобрени со отворањето на Центарот за дијабетес, кој функционира во една од зградите на кумановската болница. Во него на едно место дијабетичарите можат да добијат лекарска помош, да се испитаат во лабараторијата и да земат инсулин од болничката аптека, која во центарот има своја просторија.
 
 
Членовите на Здружението од Куманово, денеска се прошетаа од болницата до соколанскиот парк, по што го измерија нивото на шеќер во крвта. Здружението во соработка со јавните здравствени установи постојано спроведува акции за бесплатно мерење шеќер во крвта во Куманово и во соседните општини Липково и Старо Нагоричане.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.