Околу 80.000 луѓе имаат од два до три оброка неделно

Во Македонија најголеми расфрлувачи на храна се домаќинствата, а најмногу се фрла леб. Според истражувањата на Банката за храна 70 до 80 илјади луѓе имаат два до три оброка неделно.

 

Овие податоци се добиени врз основа на вкрстени истражувања во последните три-четири години од страна на 13 организации кои работат во 11 градови во државата.

 

Според претседателот на Банката за храна, Душко Христов во Скопје на дневна основа има потреба од минимум 13 илјади и повеќе оброци. Христов вели дека покрај домаќинствата и рестораните  фрлаат храна, но одреден дел бизнис заедницата го покрива тој вишок.

 

Светлана Црвенковска, претставник од Македонско здружение на млади правници, ангажирани за истражвуање и анализа на македонското законодавство за донирање, дистрибуција на вишоци храна нагласи дека Македонија има солидно основно законодавство, но не директно се уредува што значи вишок на храна, кои се непрофитните оператори со храна кои би ја дистрибуирале до сиромашното население.

 

Според Ангела Фриго, Генерален секретар на Европската федерација на Банки за храна, во Македонија има голем потенцијал особено кога станува збор за развивање на некои следни активности, а суштината е да се поддржат луѓето кои имаат потреба и да се избегне фрлањето на вишокот храна. На европско ниво годишно се фрлаат 88 илјади тони храна и тоа од самото производство до крајниот корисник. Половина од овој износ се фрла од самите домаќинства.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.