450.000 луѓе имаат реална потреба од помош за обезбедување храна

Четири проекти од јавниот повик за доделување финансиски средства за креирање иновативно системско и одржливо решение за обезбедување храна за ранливи категории граѓани „#ОброкЗаСите“ беа презентирани денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.

 

Од нив ќе треба да биде избрано најдоброто или најдобрите решенија и да се преточат во систем, преку кој ќе се обезбедува храна за оваа категорија граѓани, односно ќе овозможи вишоците на храна од компаниите, големите маркети, угостителските објекти да се достават до нив. 

 

- Околу 450 илјади луѓе имаат реална потреба од поддршка на државата за обезбедување елементарни услови за живеење меѓудругото и храна. Целта на предизвикот „#ОброкЗаСите“ е преку заедничка соработка на невладините организации, компаниите и државните институции да се дојде до иновативен модел кој ќе ги вклучи сите и кој на овие граѓани ќе им донесе она што им е потребно, односно храна. 

 

Во Македонија постојат голем број иницијативи, а целта на „#ОброкЗаСите“ не е да се воведе решение паралелно на нив, туку да се создаде системска поддршка тие да порераснат во одржливо решение, дел од систем во државата. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.