
Возач преку прозорец од возило ѝ се заканувал на Арсовска
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Јуни 2025

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, пријавила дека ѝ се заканувал возач од автомобил на булеварот Словенија во Скопје. Возачот потврдил дека поминал покрај неа со возилото, но рекол дека не ѝ се заканувал.
Според информациите на МВР, вчера, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С. А. (39) од Скопје постапувајќи по претходна пријава дека на 1 јуни на булеварот Словенија преку отворен прозорец на возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Арсовска.
Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал.
Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
