
Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Мај 2025

Два месеци по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има тројца пациенти кои се уште имаат отворени рани, а во странство се единаесетмина. Директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, вели дека имаат многу длабоки изгореници и потреба од продолжено лекување.
„Им требаат преврски, третмани, можеби понатаму кај некои од нив ќе треба и трансплантација на кожа. Ќе бидат соодветно третирани. Сите знаеме дека тие пациенти стартно беа во многу тешка состојба, сите беа испратени во странство и со прашалници дали ќе останат живи. Благодарни сме на сите земји што ги прифатија и ги лекуваа. Екстензивноста на повредите кај овие пациенти кои се потешки и кои се враќаат меѓу последните, е поради тоа што се со многу длабоки изгореници, со многу длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман. Секако рехабилитациониот период кај нив ќе биде малку подолг. Со заеднички сили и од нашите тимови и со трпение од пациентите за кусо време ќе можеме да кажеме дека се затворени раните. Мора да потенцирам дека овие повреди се со доста голем интензитет и длабочина на изгореница“, рече денес директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Таа нагласи дека сите пациентите ги имаат телефонските броеви од сите лекари и можат да ги бараат во секој момент кога имаат потреба од одговор на некое прашање, преглед или соодветен третман. Лекарите се организирале за сите да имаат приближно ист број пациенти за да можат соодветно да им се посветат.
Освен тројцата на пластика, во земјава се лекуваат уште двајца пациенти во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и двајца во болницата во Кочани. Директорот на Фондот за здравствео осигурување Сашо Клековски вели дека за пациентите сместени во Кочани се очекува да дојдат за третман во Скопје.
Во болницата во Кочани 40 пациенти се на физикална терапија и триесеттина пациенти се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити, но
По многубројните забелешки дека нема доволна грижа за повредените изминативе денови, Министерството за здравство од утре почнува реевалуација на состојбата на сите пациенти, и оние вратени од лекување во странство и оние кои се лекуваа дома за да се утврди нивната состојба и потребата од понатамошна рехабилитација.
Директорот Клековски, пак, најави дека повторно ќе го поканат тимот од Израел кој беше во Скопје на почетокот на трагедијата, за да даде мислење за понатамошната грижа на пациентите. Покрај тимот од Израел кој допрва ќе биде поканет, во Кочани е дојден тим од Бугарија кој ќе направи индивидуални проверки кај сите повредени кај кои има потреба од компресивни ракавици.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
