
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица: возел пијан и без дозвола
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Мај 2025

Денеска во 02.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода 31-годишниот М.С. од Македонска Каменица.
При вршење увид на сообраќајна незгода на ул.„Церска“ со лесни повреди и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото „сеат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
