Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

 

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.

 

Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

 

Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.