
„Генералка викенд“ во сите основни и средни училишта
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 08 Мај 2025

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ и Шведска, утре, 9 мај 2025 година, ќе ја организираат активноста екочас во сите основни и средни училишта во државата. Активноста е дел од големата национална кампања „Генералка викенд“, чија цел е подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.
По тој повод ќе се оствари посета на Основното училиште „Лазо Ангеловски“, во кое учениците ќе се вклучат во екоакција со практични активности.
Каде: ОУ „Лазо Ангеловски“
Кога: 9 мај 2025, петок, 10.30 часот
Кој ќе присуствува: Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, директорката на ОУ „Лазо Ангеловски“, Магдалена Петреска, и ученици од училиштето.
Што: Учениците ќе спроведат практични активности за заштита на животната средина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
