
ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 08 Мај 2025

„Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со Грција, но и со европските енергетски пазари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки.
Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна.
Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен.
Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена и ова е доказ дека Македонија се движи во насока на приближување кон ЕУ и дека партнерите и веруваат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
