
Милошоски со претставници од секретаријатот на партнерството за отворена власт: нагласени транспарентноста и пристапноста на институциите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 08 Мај 2025

Денес во Собранието се одржа средба со Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа- од Партнерството за отворена власт (ПОВ), Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа од ПОВ и Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување, Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација, Бобан Стојаноски – заменик генерален секретар на Собранието и Златко Атанасов – раководител на Парламентарниот институт, во врска со спроведувањето на ПОВ процесот во државата и на Акцискиот план на Собранието кон Партнерството за отворена власт.
На состанокот се нагласи значењето за транспарентноста и пристапноста на институциите, и беа позитивно оценети континуитетот и напорите на државата во спроведување на националниот план.
Собранието останува посветено на преземените заложби во својот Акциски план кои подразбираат:
· Развој на електронски регистар на регулаторни тела и други именувања и назначувања од Собранието, јавен, доста и пребарлива за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции и други;
· Информирање на јавноста со нови содржини на Собранискиот ТВ канал, што ќе овозможи подобри и повеќе информации за јавноста за законодавната власт;
· Собранието во својата надзорна надлежност да спроведе надзорна расправа за спроведувањето на Националниот план на државата кон Партнерството за отворена власт;
· Спроведување на Парламентарен караван во општините каде се избрани пратениците, со цел да се овозможи директна комуникација со граѓаните.
Партнерството за отворена власт нуди модел за планирање на мерки и заложби од институциите за реформи, во две годишни акциски планови, заедно со граѓаните и организациите во општеството, со надворешен механизам за следење на спроведување на активностите на законодавната, извршната и судската власт.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
