Мицкоски: Отворен регионален стационар за згрижување бездомни миленици во Кавадарци

Добро е кога се гради, затоа што многу работи треба да се изградат, да се завршат, да се обноват. Едноставно тука ја добивме довербата кај граѓаните и не смееме по ниту една цена да ја прокоцкаме таа доверба.

 

Ние како влада и јас лично ќе дадам сѐ што е возможно и сѐ што е во наша моќ да реализираме што е можно повеќе проекти, коишто ќе додадат вредност во животот на граѓаните на целата територија на државата, без разлика дали општината има градоначалник од владината коалиција, од ВМРО-ДПМНЕ, од ВРЕДИ, од ЗНАМ или пак е од опозициската СДСМ или пак од Демократската унија за интеграција или пак е независен, рече премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци.

 

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик.
И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, кажа Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.