Деспотовски: Не ни требаат условени оставки во СДСМ, секој да почне од себе без да ги чека другарите

Потребна е храброст кај партискиот врв за да се прифати реалноста на овој пораз, вели Јован Депостовски од СДСМ.

Тој укажува дека во партијата на е време за условени оставки кои ќе се ефектуираат доколку и другите си поднесат оставки.

„Секој да почне од себе без да го чека партискиот другар до него. Само така овој процес на промена нема де трае предолго а штетата нема да стане ненадоместлива“, вели Деспотовски.

Како што додава, на членството и поддржувачите потребен им е консолидиран, свесен и реформиран СДСМ.

„Вчеравечер пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност, со име и презиме,почнувајќи од врвот. По статутот, тоа ќе отвори веднаш простор за поширока анализа на причините за овој пораз. За одговор на прашањата: Каде исчезна онаа енергија од пред 7 години? Дали ветивме многу работи а малку исполнивме? Каде се стопи довербата и како се загуби сета онаа надеж кај луѓето? Признанието дека имаме огромен проблем е прв чекор за негово надминување“, пишува Деспотовски.

Засклучува дека за носење на брзи и квалитетни одлуки потребна е итна сериозна анализа, која не треба да се одолговлекува.

Претходно денес, оставки поднесоа потпретседателите на СДСМ, Фатмир Битиќи, и Перо Костадинов. Битиќи најави дека неговата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и останатите сопартијци кои го сочинуваат раководството на партијата.

По изборниот пораз, првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, почнувајќи од раководството на СДСМ до претседателите на општинските организации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.