ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари

„Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари.

Пендаровски наместо да го земе микрофонот и да го укори неговиот поддржувач и да се извини и на присутните и на гледачите, тој ги слушаше навредите кон Силјановска.

Ваквиот сексистички и мизогин однос на активистите на Пендаровски и СДС кон Силјановска е директно поттикнат од Пендаровски, кој со својот примитивен балкански мачоизам веќе две недели ја навредува Силјановска.

Говорот на омраза и навредите кои ги почна Пендаровски сега го следат и неговите поддржувачи.

Токму заради ваквиот примитивен однос на Пендаровски тој ќе остане само поранешен претседател. На Македонија не и требаат луѓе за претседател кои покажуваат сила врз жени. На Македонија и треба претседател кој ќе ги почитува сите, и ќе ја брани државата. Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно горда“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.