Драмскиот театар гостува на меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“ во Сараево
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 21 Јуни 2022
Од 20 до 27 јуни НУ Драмски театар Скопје учествува на меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, со претставата „Диши“ (на 22.6.2022).
Оваа претстава, која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.
Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.
НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс