Почина виолинистот Зоран Џорлев

На 53-годишна возраст почина македонскиот виолинист, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев. Според блиски до семејството Џорлеви, причината за смртта се компликации предизвикани од коронавирусот.

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во прво одделение со семејството се преселил во Скопје.

Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, а во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.