Бојан Лазаревски именуван за нов директор на Агенцијата за филм

Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница.

Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи.

Тој има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, а во својство на член на УО на Агенцијата за филм ги менаџира одлуките за буџетите за филм. Toj доаѓа на местото директор на Агенцијата за филм по истекувањето на вториот мандат на Горјан Тозија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.