„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепската област е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа што ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN). Прилепската област каде што се снимаше „Врба“ влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји.

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката: македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски - и локациите - како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално“, вели продуцент на „Врба“ Јане Ќортошев.

На официјалниот сајт на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да гласа на следниов линк: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU.

За наградата Најдобра филмска локација во Европа останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“.

Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.