Самостојна изложба на уметникот Зоран Арсовски во Истанбул

Самостојна изложба на слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски - Бабата, со наслов „Космички бумеранг“, ќе биде отворена во Културно-информативен центар на Македонија во Истанбул, Турција, денеска, со почеток во 14 часот.

Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2020 година, кој е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година и магистрирал 2007 година на Националната ликовна академија во Софија, Р. Бугарија, насока сликарство, во класата на професорите Божидар Бијаџиев и Станислав Памукчиев. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Досега има реализирано 13 самостојни изложби, учествувал на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и симпозиуми во земјата и странство. Работи во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Има работно искуство во сферата на штафелајското сликарство во познатите класични и негови нови сликарски техники, изработува фрескоживописи, икони, сценографии, илустрации и дизајн.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.