Доделени филмските награди на 32-то издание на ЕФА

Британскиот филм „Фаворитка“ освои 8 награди, вклучувајќи ја и за најдобар европски филм, на годинешното 32-то издание на Европските филмски награди (ЕФА) во Берлин.

 

Филмот беше номиниран и за најдобра европска комедија, а режисер Лантимос, ја доби наградата за најдобар европски режисер. Актерката Оливија Колман ја зграби наградата за најдобра споредна актерка. Филмот беше награден и во категориите најдобри костуми, монтажа и шминка.

 

Антонио Бандерас е прогласен за најдобар европски актер за неговата улога во шпанскиот филм на Педро Алмодовар, Болка и слава, кој исто така го доби и награда за најдобро сценарио.

 

Меѓу другите филмови, францускиот Les Miserables беше награден со Европско откритие на годината. Британскиот филм „За Сама“ е прогласен за најдобар европски документарен филм, шпанскиот филм „Бунуел во лавиринтот на желката“ како најдобар европски анимиран филм. Романскиот „Подарок од Критсмас“ е прогласен за европски краток филм на годината.

 

Полскиот филм „Студена војна“ ги освои срцата на публиката, а германскиот режисер Вернер Херцог доби награда за севкупна креативност.

 

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во познатата берлинска сала „Хаус дер Берлинер Фестишпил“.

 

Наградите за ЕФА се доделени во 24 категории од 3.600 членови на Европската филмска академија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.