Во Делчево се организира саем на стари занаети и ракотворби

Во тек е пријавувањето за саемот на стари занаети кој на 15 ноември ќе се одржи во Делчево. Како што информира Методи Толевски, директор на Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров" која е организатор на настанот, право на учество имаат сите стари традиционални занаетчии кои во својата работа не користат современи алатки и машини, туку нивната изработка е рачна.

 
-Области од кои што можат да се пријават заинтересираните се: копаничарство, грнчарство, калајџиство, самарџиство, и оние занаетчии кои се бават со изработка на народни носии, изработка на музички инструменти, изработка на производи од волна (гоблени, дипли ,колани и сл.). Целта на саемот е презентација на традиционалните занаети кои во догледно време би нашле свое место и на европските пазари, информира Толевски.
 
 
Тој додаде дека пријавувањето е во тек, а заинтересираните занаетчии можат да се пријават во Центарот за култура во Делчево најдоцна до 12 ноември секој работен ден во времетраење на работното време.
 
 
Саемот на стари занаети и ракотворби во Делчево ќе се одржи на 15 ноември со почеток во 12 часот.
 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.