Објавен првиот том на „Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик“

 

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на „Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик“, на кој што автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура, како проект од национален интерес за 2024 година.

 

Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниов Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, во вторник во 11 часот и 30 минути. Речникот ќе го претстават рецензентката проф. д-р Весна Костовска и авторката-редактор проф. д-р Елизабета Бандиловска.

 

Во првиот том се поместени зборовите од буквата А до буквата Ж, а авторите (универзитетските професори) и соработниците постојано работаат, така што во наредните изданија ќе бидат обработени зборовите до буквата Ш, и правописно нормативниот речник, како плод на повеќегодишен труд ќе биде комплетиран.

 

Овој капитален лексикографски зафат се надоврзува на повеќето изданија од овој вид, почнувајќи првиот македонски правописен прирачник „Македонски правопис со правописен речник“ од Блаже Конески и и Крум Тошев (1950) до „Правопис на македонскиот јазик“ во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа „Култура“ (2015 и 2017 година).

 

Автори и редактори на изданието се: Лидија Аризанковска, Елизабета Бандиловска, Снежана Велковска, Виолета Јанушева, Елена Јованова-Грујовска, Искра Пановска-Димкова, Симон Саздов, Људмил Спасов.

 

Соработници на проектот се Марија Антевска, Филип Белчев и Македонка Додевска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.