„Ролс Ројс“ со загуба од 7,2 милијарди долари

Британскиот производител на мотори за авиони „Ролс Ројс“ забележа рекордна загуба од 5,4 милијарди фунти, или 7,2 милијарди долари во првата половина на оваа година, поради пандемијата на коронавирус.

Компанијата не очекува нарачките да се вратат на нивото пред кризата до 2025 година.

Пандемијата доведе до пад на побарувачката за мотори, бидејќи авиокомпаниите значително ги намалија летовите, а производителите на авиони го намалија производството.

„Ролс Ројс“ на почетокот на годината предвиде дека ќе произведе 450 мотори за авиони, но сега планира да испорача само 250 парчиња.

Компанијата претходно ги објави плановите за затворање на 9.000 работни места ширум светот, повеќе од 15 проценти од својата работна сила, со тоа што британските работници сочинуваат две третини од вкупниот број.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.