Народната банка: Ќе придонесеме за што побрзо обесштетување на граѓаните од Еуростандард банка

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање стечајна постапка над Еуростандард банка АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности што во периодот до почнувањето на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.

 

 

Од тука наведуваат дека е заштитен имотот на банката во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамките на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

 

„Ги известуваме граѓаните кои на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку Еуростандард банка АД Скопје за плаќање сметки (струја, вода и други давачки), вклучително и преку уплати во АД 'Пошта на Северна Македонија' дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново. Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување депозити“, велат од Народната банка





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.