Најново соопштение од Народна банка

Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, повторно укажуваме дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година, информираат од Народната банка.

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.