ООН: Околу 25 милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места заради КОВИД-19

Пандемијата COVID-19 драматично ќе ја зголеми глобалната невработеност, принудувајќи приближно 25 милиони луѓе да ги загубат работните места. Ова го соопшти денеска Организацијата на Обединетите нации.

 

„Економската и работната криза создадена од пандемијата може да ја зголеми глобалната невработеност за скоро 25 милиони“, вели Меѓународната организација на трудот во новата студија, цитирана од медиумите.

 

„Пандемијата COVID-19 ќе создаде милиони луѓе невработени и сиромашни“, велат од ООН, предупредувајќи дека работниците ширум светот ќе загубат доход од 3,4 милијарди американски долари само оваа година.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.