Лидерите на ЕУ ќе се состанат на вонреден состанок за буџетот

Вонреден самит на Европската унија за буџетот ќе се одржи на 20 февруари во Брисел, пренесуваат агенциите.

 

Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел ги покани шефовите на држави или влади на 27-те земји членки да „постигнат договор“ за буџетот на ЕУ за 2021-2027 година.

 

„Секое одложување би создало сериозни практични и политички проблеми и ќе им наштети на продолжувањето на тековните програми и политики, како и на почетокот на новите“, рече Мишел во писмото за покана. Тој признава дека е „целосно свесен дека овие преговори се меѓу најтешките“, но е убеден дека „со здравиот разум и решеност“ може да се постигне „договор што ќе биде од полза за сите Европејци“ и повикува сите водачи на ЕУ да бидат подготвени за компромис.

 

Ова ќе биде прв самит на ЕУ по излегувањето на Велика Британија. Финска, која беше ротирачки претседател на Советот на ЕУ во втората половина на минатата година, предложи нацрт-буџет од 1,087 милијарди евра, со што се намалија скоро 200 милиони евра од предлогот на Европската комисија. Овој проект, плод на тешки компромиси, рефлектира длабоки несогласувања меѓу земјите членки, забележуваат медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.