Кулев: Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје

Владата ќе субвенционира два денара по килограм грозје, рече Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари” на денешната прес-конференција во Кавадарци.

 

– Овие мерки не се доволни за обештетување на лозарите, но во услови на немање разбирање од винариите да ги покачат цените за оваа година, тоа е максималната помош од Владата.

 

Ние сме неполитичко и непрофитно здружение, нагласи Кулев, заблагодарувајќи се на поддршката на градоначалниците и пратениците од регионот.

 

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изрази задоволство од соработката и дополнителната мерка која е значајна за опстанокот на лозарството.

 

Тој се осврна и на натамошните активности на овој план и за соработката со винарските визби за подобро лозаро-винарство.

 

Потсети на исплатените долгови за грозје предадено во претходните години. Рече дека годинава голем дел од винариите исплаќаат само неколку дена по откупот.

 

Oдлуката за субвенција  ја поздрави и пратеникот Панчо Минов.Од пресот беше упатена и покана за присуство на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ што ќе се одржи во петок, сабота и недела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.