Македонија и натаму го подобрува рангирањето според „Doing Business"

Последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2019", што беше усвоен на денешната владина седница, покажува дека Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.

 

Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење на бизнис.

 

-Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање на градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај шест индикатори, односно: започнување на бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување на договори, соопшти владината прес-служба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.