Бочварски и Рустеми од Велес: Инвестираме над 10 милиони евра за рехабилитација на патиштата во Велес

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на регионалниот патен правец Велес – Градско.

Се работи за најфрекфентната регионална делница во регионот за чија рехабилитација во должина од 20 километри беа инвестирани речиси 7 милиони евра.

Бочварски истакна дека Владата преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната инфраструктура, а дека особено внимание се посветува на рехабилитација на постојната регионална патна мрежа.

„Досега завршивме со реконструкција на многу значајни патни правци, кои водат до државните граници, како државните патишта Крива Паланка – Деве Баир, Подмоље – Струга – Ќафасан, Битола – Меџитлија и Скопје – Блаце, а денеска се наоѓаме на делницата Велес – Градско, каде што сме на увид на рехабилитирниот пат, со што добиваме квалитетна регионална патна делница. И знаеме дека огромно е значењето на овој регионален пат, кој поврзува десетина населени места од овој регион, а кои немаат директен излез на автопатот на Коридорот 10. Впрочем, ова беше и најголемо барање на локалното население и драго ми е што овој пат е завршен квалитено и навремено. Подигната е безбедноста за патување елиминирајќи ги црните точки, кои претходно се јавуваа на овој патен правец“, изјави Бочварски.

Рустеми истакна дека ЈП за државни патишта работи посветено за да обезбеди современа и модерна патна инфраструктура во целата држава, која потоа овозможува силна економија и развиени региони.

„Оваа делница, која е со вкупна должина од 20-ина километри и широчина на патот од 5,5 до 7,0 метри, беше во лоша состојба, а е главна артерија за локалното население, особено за земјоделците што гравитираат во овој регион. Со рехабилитацијата на оваа делница добиваме безбеден и сигурен регионален пат по кој месното население може да сообраќа без тешкотии. За инвестицијата вкупно беа издвоени 6,8 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР. Ова патно поврзување на централниот регион е важно затоа што низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни јазли, кои нè поврзуваат со другите земји од регионот. Со овие активности ја потврдуваме нашата заложба за комплетна рехабилитација на регионалните патни правци во централниот регион, со цел да го олесниме протокот на сообраќај и за стоките и за услугите“, изјави Рустеми.

Бочварски и Рустеми претходно извршија увид и во рехабилитираниот регионален пат Катланово – Велес, инвестиција од 2,5 милиона евра, делница со која Велес се поврзува со Велешкото Езеро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.