Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина се ранети, соопштија локалните медицински служби, а пренесе Ројтерс.
 
Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада ги зафатија јужните држави додека синоптичарите предупредија повеќе од седум милиони Американци за можноста од торнада, пренесе АП.
 
„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на пограничниот град Рафах“, соопшти Белата куќа.
 

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Крит.
 
Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, изјави дека во појасот Газа во последните шест месеци биле убиени повеќе деца отколку во сите светски конфликти во последните четири години.
 
Ирачкиот парламент усвои закон со кој се криминализираат истополовите врски и се воведува максимална казна од 15 години затвор за ова дело. Овој потег е насочен кон зачувување на верските вредности, но активистите за човекови права го осудија како последен напад врз ирачката ЛГБТ заедница, пренесува Ројтерс.
 
Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.
 
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
 
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
 
Здравствената состојба на кралот Чарлс постепено се влошува, што ги натера претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот погреб, а тие подготовки почнаа еден ден по погребот на кралицата Елизабета, според упатените, пишува Њујорк пост.
 
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
 
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави  дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
 
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
 
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ  распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
 

Уапсен украински министер

Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
 
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека  ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
 
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
 
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.