Гвардиола: Зошто не би добил отказ ако испаднеме од Реал?

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола реколмдека не би го изненадило доколку добие отказ во случај неговиот тим да испадне од Реал во Лигата на шампионите.

Евентуелната елиминација во осмина-финалето би бил голем удар за клупските амбиции, ако се знае дека „граѓаните“ немаат шанси да ја одбранат титулата во Премиерлигата.

„Сонувам за дуели со Реал, ќе уживам во нив. Никој не би бил посреќен од мене доколку победиме. Но доколку не победиме зошто сопственикот или спортскиот директор не би ми рекол.„Ова не е доволно. Ние ја сакаме ЛШ, ове ти отказ“. Би го прифатил тоа: „ОК благодарам ми беше задоволство“. Како и да е ни следуваат два исклучително вани натпревари“, рекол Гвардиола.

Манчестер сити на 26 февруари ќе гостуваат во Мадрид, а реваншот во Англија ќе се одигра на 16 март.

Гвардиола како тренер има две титули во Лигата на шампионите, двете ги освои со Барселона.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.