Екдал: На геј-фудбалерите им е страв да не ги откријат

 

Фудбалерот на Сампдорија, Швеѓанмецот Албин Екдал е исфрустриран што на фудбалерите уште им е страв да признаат дека се хомосексуалци најмногу поради непријателската атмосфера од навивачите.

Зборувајќи на дебата организирана од Европскиот парламент, Швеѓанецот вели дека за разлика од женскиот фудбал, во машкиот фудбал не се прифаќа да си поинаков.

„Во идеален свет, никому не би требало да му биде неудобно да каже дека е хомосексуалец, во обичниот живот, но и во фудбалот. За жал, во реалноста не е така. Во нашиот спорт досега само осум фудбалери признале дека се хомосексуалци. Има многу кои би сакале да го направат истото, но страв им е од негативните реакции. Постои атмосфера во која има многу хомофобија и веднаш ќе почнат навредите, на и надвор од теренот“, вели Екдал.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.