Погба пак е повреден, глуждот причина за нова пауза

Францускиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба (26) сезонава не може глава да креме од повреди.

 

Тој поради нова повреда на глуждот на ногата синоќа не му беше на располагање на менаџерот Солскјер во дербито во Премиерлигата против Арсенал („Топчиите“ славеа со 2-0).

 

Најновите информации кои доаѓаат од таборот на „црвените ѓаволи“ се дека Французинот повторно ќе мора на операции, по што најверојтно го чека пауза од триесетина дена.

 

„Му беше советувано да оди на операција и тоа веројатно ќе биде. Тој ќе биде надвор од теренот три или четири недели, не знам точно. Тој чувствува одредена непријатност во глуждот. Дефинитивно го загубивме за следниот месец. Ова е голем удар за нас“ – рече Солскјаер.

 

Ова е негова трета повреда, сезонава. Досега има одиграно само 8 натпревари. Французинот неодамна се опорави од повредата на глуждот по два и пол месеци поминати надвор од зелениот терен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.